Трипуновски до Атанасов: Соберете сили и поднесете оставка, две недели молчите и бегате да кажете за болеста антракс

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во Македонија постојат 22 подрачја на кои претходно имало антракс. Според информациите кои ги објавија медиумите оваа година не е извршено вакцинирањето во ниту едно од дистриктните подрачја во Република Македонија.

Согласно процедурите властите се должни во рок од 20 години да вршат вакцинирање на подрачје каде еднаш се појавил антракс. Невакцинирањето е сериозна опасност болеста повторно да земе замав во нашата држава.

Господине Атанасов соберете храброст и одговорете, дали оваа година АХВ изврши вакцинација во 22 – те подрачја кои се под опасност од повторно појавување на антракс? Доколку не, зошто не, и кој ќе сноси одговорност за таквото неодговорно однесување на вас како институција?

Господине Атанасов дали АХВ  ја има известено СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ за појавата на антракс во Република Македонија?

Недозволиво и неодговорно е што две недели криевте од граѓаните дека во нашата држава има антракс. Дали ова го правевте затоа што воопшто немате извршено годишна вакцинација против оваа сериозна заразна болест?

Господине Атанасов соберете сили и направете храбар чекор. Поднесете си оставка. Не може човек кој молчел две недели дека кај стоката кружи смртоносно заболување, кое може да биде пренесено и на луѓето да ја води АХВ.

Наместо бледи пресконференции, оправдувања и минимизирање на сериозноста по здравјето на луѓето и добитокот од оваа опасна болест  граѓаните очекуваат од вас одговорност, веднаш и сега.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...