Спасовски и Заев се олицетворение на криминалот

Господине Спасовски,
Ја уништивте Македонија. Тоа што Вие и вашиот ментор Зоран Заев и го направите на Македонија во овие три години ќе требаат декади за да се надомести. Вие и Заев сте олицетворение на криминалот.
Ваш изум е Боки Тредичи. Вашиот штитеник Боки Тредичи го продолжи тоа што вашите советници го пробуваа на пониско ниво.
Еве прашање до вас, како заврши истрагата против вашиот советник кој изнудуваше и уценуваше со информации добиени од посебни истражни мерки ? Дали Драган Симоновски од куќен притвор си е вратен на работа во МВР ? Ова ли е брза и ефикасна истрага ?
Со Вас и со Заев правда во Македонија немало и нема да има.
Доаѓа време кога ќе одговарате за масовниот грабеж и за криминалот што граѓаните секој ден го гледаат.
Вашите манипулации пред ДКСК се патетични. Побогу, Вие сте министер за внатрешни работи,а кој ако не полицијата има средства да истражи како фирмата на татко на советник во МВР, што вие го вработивте, која прикажува нула приходи, успева да инвестира милиони во нова бензинска пумпа ? Сте фатиле убава боичка на плажа, па сега може малку и да поработите. Не избегнувајте да дадете одговор и на прашањата што веќе ви ги поставивме :
Зошто денеска со вас не беше и Никица Петрушевски, богатиот советник ? Дали има многу обврски во бензинската станица или селектира кандидати за вработување во станицата за технички преглед? Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации ? Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол? Дали МВР пред два месеци издаде одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста? Дали имал влијание и какво влијание имал вашиот советник при носењето на одлуката ? Доколку сте загрижени за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата, одговорете за колку е зголемено семејното богатство советник Петрушевски откако е вработен во МВР до денес?

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...