Куфер криминалната политика на Заев нема никогаш да не однесе во Европската Унија

Соопштение до јавноста

Европа да реагира за криминалната реалност што се случува во Македонија, порача претседателката на асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак.

Директорот на меѓународниот републикански институт Пол Мекарти за Гласот на Америка во врска со аферата „Рекет” изјави дека е многу е загрижувачки тоа што се случува, а истрагата да оди до крај.

Најзагрижени се граѓаните во Македонија кои се плашат што може ним да им се случи, кога најбрутално биле рекетирани познати бизнисмени. Граѓаните се исплашени бидејќи гледаат дека нема правда во Македонија.

Реакциите не стивнуваат ниту од регионот, ниту од страна на европските партнери на Македонија и од целокупната меѓународната заедница.

Правото кое го практикуваат правосудните органи требаше да доаѓа од идејата за правда, но во Македонија правдата се сведе на идеите за криминал и рекетарско мафијашките банди на власта.

Зборено било со Заев и тој знае се! Фатен е жив, како е вплеткан во уцените и изнудувањето на милионски износи. Доволен е фактот што најгласните говорници кои го подржуваа Заев одеднаш му го свртеа грбот и го нарекоа корумпиран. На сите им е јасно дека со овие луѓе од власта правдата е само мислена именка.

Уште поскандалозни се обидите за манипулација на јавноста и своевидните правдања на Заев. Лажно се колнеше во македонштината, лажеше за името, а се правдаше и со црквата кога бараше едно евро за Вицето, за сега да ги правда своите состаноци со Боки Тредичи со наводни хуманитарни проекти. Лицемерно е да бараш правда кога вршиш трговија со истата. Нема човек во Македонија кој што сеуште му верува на Зоран Заев и функционерите од власта.

Прашањата што се поставуваат се што чекаат институциите и Јавното обвинителство после вакви скандали од невиден размер? Зошто  Русковска ги амнестираше и ги заштити Заев и Јанева и криминалниот октопод со непроширување на истрагата кон нив?

Големи лаги беа ветувањата за европските вредности и претпоставената демократија што ја донесе СДСМ. Куфер криминалната политика на Заев нема никогаш да не донесе во Европската унија, затоа што јасно е кој стои на врвот на пирамидата, и јасно е кој ја уништи правната држава за сопствениот џеб.

На Заев не му останува ништо друго освен да си поднесе оставка и да си замине од власта. Злосторничкото здружување за рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод не смее да се дозволи да остане неказнето. Истекува времето на криминалната реалност во Македонија, одговорност мора да има и ќе има.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...