Во пресрет на 12-ти август интернационалниот ден на млади, УМС организира денови на млади со низа активности

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во пресрет на 12-ти август интернационалниот ден на млади, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности. Каде што младите ќе можат да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат.

Во таа насока во периодот од 9-ти август до 11-ти август организираме летна школа на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на која што ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети и ќе научат повеќе за дипломатијата, ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе емитуваме и исто така проекција на филм, традиционално ќе го организираме маршот на Беласица во чест на петте струмички студенти кои се убиени од комунистичкиот режим. Ќе се искачуваме до местото каде што се тие убиени. И исто така Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на акцијата „ретвитни оброк“.

Денеска од тука во организација на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе го започнеме приклучувањето кон таа акција со тоа што ќе поделиме неколку десетици оброци на бездомните лица, а истото ќе се направи во повеќето општински комитети во Република Македонија.

Имено на денот на 12-ти август на интернационалниот ден на студенти исто така ќе организираме дебата пред Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје за квалитетот на високото образование.

Морам да напоменам за жал и оваа година во пресрет на интернационалниот ден на млади Република Македонија го дочекува со се помалку млади лица во Република Македонија. Имаме енормни иселувања на младите лица, имаме висока стапка на младинска невработеност во Европа, а се поголем број на млади купуваат карта во еден правец и ја напуштаат Република Македонија. За жал еве веќе трета година тече откако СДСМ е на власт немаме ниту еден проект реализиран од интерес на младиот човек. Затоа е потребно СДСМ што побрзо да си замине и да ја испратиме во историја на предвремени парламентарни избори.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...