„Има милиони за Заев и картелот – има мир“ е новата парола на СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

„Има милиони за Заев и картелот – има мир“ е новата парола на СДСМ.

Правда нема да има се додека главата на октоподот Зоран Заев, заедно со Катица Јанева, Кики, Фрики и останатите пипки не седнат на обвинителна клупа.

Тоа ќе се случи во оној момент кога обвинители како Русковска ќе престанат да политички да ја опструираат истрагата, влечејќи ја за нос јавноста преку обиди да ги убедат граѓаните дека Боки Тредичи на своја рака, без политичка заштита земал милиони евра од бизнисмени.

Костадин Костадинов е збунет. Заглавен е Костадин во октоподот на Заев и соработката со невладината на Боки Тредичи. Знае дека со независна и професионална истрага, веројатно ќе продолжи нивната дружба и соработка, но на друго место. Затоа не може да се одбрани ниту себе си, ниту неговиот ментор Зоран Заев , ниту останатите инволвирани од аферата. Затоа сега се виновни италијанските медиуми кои објавуваат скандалозни видеа што докажуваат каква мафија владее со Македонија.

Еднаш веќе го натераа судот да се прави дека не ја гледа снимката која што сите ја видоа, како Зоран Заев бара евро за Вицето кај на Мирчо бишкарникот. Сите обвинители и судии кои ќе замижат пред оваа снимка стануваат соучесници во криминалот на Заев, Костадинов, Јанева, и сите Кики, Фрики и Шеки вмешани во рекетот.

Залудни се сите обиди за дефокусирање од криминалот на Заев и компанија.

Еве предлог за следната прес конференција на Костадинов, во кој што може да му помогне неговиот ментор со одговор на прашањата:

  1. Дали Зоран Заев има близок соработник и висок функционер кој бил чест гостин на вечера заедно со Катица Јанева кај првоосомничениот?
  2. Дали Заев е сигурен дека само еднаш се видел со второосомничениот и разговарале за инвестиција во рудници ?
  3. Која институција го истражуваше потеклото на 720 000 евра и по чија ургенција истите беа одмрзнати за да може да бидат подигнати ?
  4. Каде патувала торбата Луј Витон, полна со милион ипол евра и кој се знаел за торбата изминативе месеци , но ја кочел истрагата ?
  5. Кој дал наредба Катица Јанева и Кики Фрики да не бидат опфатени со истрагата и да им се обезбеди време да ги прикриваат и уништуваат доказите ? Што знаат тие за криминалите на Заев и што планирале да откријат доколку биле притворени ?

Во период што ќе следи ќе има дополнителни прашања и затоа Заев и Костадинов, редно е сериозно и добро да размислат пред да одговорат.

Ќе има правда и ќе има мир, а нив ќе ги донесат граѓаните на избори. Ќе има правда и ќе има мир откако Зоран Заев и неговите послушници Костадинов, Кики, Фрики и останатите ќе одговараат пред законот.

Набргу доаѓа периодот на обнова на Македонија и тогаш сите ќе бидат еднакви пред законот и законот ќе важи подеднакво за сите.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...