Царовска се фали дека се опремуваа и подготвуваат нови објекти за децата од предучилшно образование, а молчат и не кажуваат за кои објекти станува збор

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на МТСП

Владата на СДСМ заедно со министерката за труд и социјална политики, Мила Царовска и понатаму продолжуваат со ширење на лажни вести.

Царовска преку ресорното министерство се фали дека се опремуваа и подготвуваат нови објекти за децата од предучилшно образование, а молчат и не кажуваат за кои новотоворени објекти станува збор  и колкав е опфатот на деца.

Тоа само покажува дека не се работи ништо и Царовска ги лаже граѓаните.

Ако Царовска водеше грижа за децата, немаше да го укине додатокот за трето дете.

Ако Царовска водеше грижа за вработениот кадар во градинките, нема да ги дискриминира вработените во овие установи.

Ова е само уште еден доказ дека Царовска и понатаму продолжува да шири лажни вести.

Поради ваквите политики потребно е Царовска да си замине од ова министерство.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.