Среде најголемиот скандал рекет, државната мафија најавува наводен инвестициски бум и нови задолжувања

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Среде најголемиот скандал рекет од октоподот, од државната мафија се најавува наводен инвестициски бум и нови задолжувања.

Почитувани,

Ниту економски бум е можен, ниту некој ќе инвестира, ниту некој ќе даде пари на државната мафија во Македонија, освен можеби со високи комерцијални камати, се додека не се расчисти владино – обвинителскиот – невладин рекет.

Почитувани,

Ова е незапаметен срам со висока корупција во Македонија, ова е меѓународен блам што ќе се одрази на севкупната активност – економска, дипломатска, општествена.

Замислете среде најголемиот скандал со уцени на бизнис секторот во владиното – обвинителското злосторничко здружување, на одмор се и Русковска и Катица Јанева! Оваа втората уште повеќе ужива во странство! И таа што треба да гони и таа што треба да е гонета за случајот да добие некаква насока. Па каква е оваа слика која што се остава пред домашната и пред меѓународната јавност, особено кога се бара брзо расчистување на овој најголем скандал од високата корупција?

Почитувани,

Оштетени граѓани јавно преку телевизии посочуваат за грабеж од невладината на Боки 13, невладина со пола министри и владини функционери внатре, најавуваат приватни тужби гледајќи дека ништо не се случува за расчистување на овој скандал. Очигледно тоа е маската на рекетот, а здружението на Боки 13, Кики, на Фрики, на Коки, Зоки – Поки уште јасно вели, никој од таму не бил повикан од истрагата! Уште поочигледно е што тоа не им пречи ниту на невладината ниту пак на членовите на тоа здружение, како што реков половина се владини функционери што уште повеќе го засилува сомнежот во јавноста за некаква игра и поврзаност.

Почитувани,

Главата на државната мафија, главата на октоподот, главата на рекетот се уште се обидува да ја дефокусира јавноста и истрагата да заврши само на Боки 13 и на Кичеец, додека Русковска обвинителството можеби смислено ја забошотува истрагата и се остава простор за бришење на траги, докази и влијание врз сведоци. Тоа е недозволиво, тоа е соучество и тоа мора да биде санкционирано.

Македонија мора да биде земја на правото и на правдата, Македонија мора да се оттргне од листата на држави каде што владее државна мафија и цвета криминалот и високата корупција. На Македонија и е потребна обнова и таа ќе се случи а бројчаникот навистина ќе почне да врти!

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...