Македонија тоне во криминалот на аболицираниот Заев и неговата криминална банда

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на ставовите на г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија тоне во криминалот на аболицираниот Заев и неговата криминална банда. Овие луѓе веќе три години го прават животот на граѓаните вистински пекол. Спроведуваат општ грабеж преку криминални тендери и грантови тешки милиони евра, кои завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери.

Додека тие ги бројат милионите на своите сметки испумпани од џебот на граѓаните, обичниот човек се бори за парче леб. Повеќе од половина милион граѓани живеат во сиромаштија и денот го поминуваат со еден оброк.

Нема ништо од ветувањето на Заев за просечна плата од 500 евра, а нашите граѓани ја земаат најниската плата во регионот.

Аболицираниот Заев секојдневно ги задолжува граѓаните за милиони евра, а истовремено реализацијата на капиталните инвестиции за првите 6 месеци од годината е под 20 проценти. Во превод оваа Влада не работи ништо, нема нови училишта, спортски сали, болници, градинки.

Граѓаните со право се прашуваат каде се парите? Парите се ,,инвестирани” во бентлито на Трајче, во скапите мотори на Зоки, во партиските и непотистички вработувања додека дипломите на младите фаќаат прашина на полиците. Младите немаат работа и си заминуваат од државата, повеќе од 80 проценти од граѓаните бараат начин како да си заминат од Македонија.

Ова е животот кој го донесе Зоран Заев, живот исполнет со чемер и јад, криминал, корупција и рекет. Граѓаните ќе ја казнат криминалната банда на чело со аболицираниот Заев. На следните избори ќе го испратат овој човек на маргините на политичката историја во Република Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...