Костадин Костадинов како и врхушката на СДСМ се единствените на кои им блеска економијата

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Костадин Костадинов како и врхушката на СДСМ се единствените на кои им блеска економијата. Сите останати , граѓани, стопанственици, работници, земјоделци гледаат дека економијата тоне, се заради неспособноста на оваа анти економска власт предводен од Зоран Заев.

Бројките се немилосрдни и тие покажуваат катастрофални тенденции. Еве ги дел од нив.

Од јануари месец 2019 година па се до мај 2019 година, просечната плата е за 1.113 денари по мала од таа која што ја објави Зоран Заев.

Во првиот квартал од 2019 година кога нивото на директни странски инвестиции изнесува само 21,6 милини евра, што е за 90тина проценти помалку од истиот тој прв квартал во 2018 година.

Во вториот квартал имаме исклучително катастрофално ниско ниво на пораст на индустриското производство од 1,33% и истовремено во вториот квартал од 2019 година споредено со вториот квартал во 2018-та година имаме намалување на бројот на работниците во индустријата од 2,3%.

За 15% имаме помалку извршени градежни работи во периодот април-мај 2019-тата споредено со април-мај 2018-тата година. Реализацијата на капиталните инвестиции за речиси половина година не надминува 20%.

Заради ваквата политика на власта економијата германските стопанственици ни ја оценија со НУЛА, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80% од младите не гледаат перспектива во Македонија и сакаат да се отселат.

Ако Костадин Костадинов, Зоран Заев, Кочо Анѓушев или членовите на Меѓународниот Сојуз (невладината на Боки 13 која вмрежува функционери на СДСМ и нивни роднини) ја гледа оваа година како успешна, огромен број на граѓани ја гледаат како промашена година за економијата и за нивниот животен стандард. Катастрофата од економската политика на оваа власт граѓаните ја чувствуваат по својот грб, а најмногу по својот џеб.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...