Хаотични се во СДСМ, а тоа е резултат на нервозата која владее кај нив

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Хаотични се во СДСМ, а тоа е резултат на нервозата која владее кај нив.

Костадин Костадинов пред да излезе на прес конференции и да зборува за правна држава треба да одговори на јавноста.

Која е неговата улога како почесен член во Организацијата на првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски Боки 13?

Дали има врска со сомнителните трансакции на сметката на пензионерката од Скопје, која потоа тврди дека била измамена токму од Меѓународниот Сојуз во кој членува Костадинов?

Зошто тој не пријавил сомнителни трансакции кои ги правела Организацијата ако не е вмешан во криминалот на неговиот пријател Боки 13?

Ако имаше правна држава, а не послушно обвинителство досега Костадинов ќе беше во најмала рака распитан за скандалозниот рекетарско-политичко-обвинителски октопод со кој тој има непосредни конекции. Изнудата и рекетот не застаруваат толку брзо.

Боки 13 не бил сам во своите дејанија. За многу скоро, ако не ова обвинителство, тогаш некое друго кое ќе биде независно и ослободено од канџите на Заев ќе го испита работењето на Меѓународен Сојуз, каде членува и Костадинов, но и многу други функционери на СДСМ и нивни роднини.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...