Методите кои што Заев ги користи преку инструментите на власта врз државата и народ се доказ дека во земјава владее режим

Соопштение до јавноста

Единствениот крик којшто вчера го испушти Македонија на најголемиот македонски празник Илинден, беше крикот за ослободување од канџите на криминалната власт на која што ништо не и е свето.

Методите кои што Зоран Заев ги користи преку инструментите на власта врз целокупната држава и народ се доказ дека во земјава навистина владее режим. Народот е жртва на криминали, рекети, сиромаштија, репресии и заплашувања. Секојдневно се спроведуваат методи за казнување на граѓани кои што не се согласуваат со владеењето на СДСМ. Секојдневно сме сведоци на омаловажување на македонскиот народ и познатото „виткање на кичма“.

За првпат во историјата на независна Македонија, најголемата опозициска партија  беше спречена да положи венец од цвеќе пред споменикот Македониум на гробот на Никола Карев во славно Крушево. Исто така, за првпат се наруши традицијата која постоела со години, а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден. СДСМ со оваа постапка покажа непочитување кон партиите во Македонија и политичка незрелост.

Со такви деструктивни потези, Зоран Заев се повеќе не оддалечува од Европската Унија. Го навредува и понижува народот, ја уназадува економијата и го закопува политичкиот дијалог, отварајќи бездни во системот на државата.

За Зоран Заев нема да постои доволно долга казна за да може да му се извини на народот во Македонија за злоделата кои му ги направи. Неговото блескање е само во неговата фантазија. Македонија живее во бедната реалност во која ја клекнаа. Заев мора да си замине за да заврши оваа трагедија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...