Илинден е симбол за создавање на македонската држава, но и порака за зачувување на Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Би сакал на сите граѓани на Република Македонија, на сите Македонци и останатите кои живеат во Македонија да им го честитам најголемиот празник, националниот празник Илинден тука од Мечкин Камен од Крушево.

Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме дене.

Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате позади мене е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места.

Доаѓајќи овдека очигледно од организирани  партиски луѓе исто така не бевме удостоени со соодветен пречек и прв пат се наруши традицијата која што секогаш била а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден.

Тоа покажува дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ, Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ. Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...