Јанушев: Во време кога власта молчи, кога нема ниту истраги за бројните скандали на власта, Заев го продолжува политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ

Прифаќањето на обвинението Талир 2, покажува само едно, дека единствен управител на судско обвинителниот систем во Македонија е Зоран Заев. Во време кога власта молчи, кога нема ниту истраги, ниту еден обвинителен акт за бројните скандали на власта, Зоран Заев го продолжува политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Значи за власта на Заев и за оној дел од обвинителството кои решиле да му слугуваат нема никаков случај во насилничкото однесување на градоначалникот Дудуш, нема ништо спорно за тендерот на М-НАВ и договарањето на Рашковски, нема никаква истрага ниту за пратеникот кој беше фатен како нарачува психотропна супстанца, нема ниту истрага за митото на Заев кој го нудеше на Вартоломеј, а истрагата за Рекет се претвори во акција за спас на криминалниот октопод на Заев? И кога сите овие скандали се амнестираат од одговорност, власта на Заев продолжува со прогон врз опозицијата. Да не беше трагично ќе беше многу смешно. Зад овој незаконски обвинителен акт седи истото она обвинителство, сеуште раководено од корумпирана и до гуша заглавена во криминал обвинителка Катица Јанева, со случајно изгубен, па форматиран телефон, која и покрај сето ова сеуште е на слобода, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Нема воопшто да навлегувам во правните аспекти и фактот што ова обвинение се покренува во период кој е надвор од надлежноста на компромитираното и криминогено СЈО, и покрај тоа што законот е дециден, затоа што се гледа дека целата оваа ситуација е далеку од почитување на законот. Само во овој случај би додал, нема да ве спасат политичките нарачки и монтирани обвиненија, народот ќе дојде по своето на предвемените парламентарни избори, и многу скоро, ќе мора сите оние кои денес така лаконски вршат прогон да се соочат со вистинската правда. Две работи се сигурни. Првата, Заев е на челото на октоподот кој го врши прогонот и се ова е израз на страв, а не сила. Втората, сигурно е, ќе паднат силно, така јако што ќе се срамат за се она што го прават денес, и не само поради прогонот, туку и за името, идентитетот, сиромаштијата, крадењето, лоповлукот, тендерите, уништеното здравство, економијата, бедата која ја донесоа“.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....