Ѓорѓиевски до власта: Крајот ви се ближи, и тоа го знаат и Кики и Фрики, и Зоки Поки

Дојде време во кое Кики вика дека не е Кики. Гледаме и не можеме да веруваме. Народот на ова вели, си ја ишка мувата од капата зошто друго не е, и не може да биде. Овој вистинскиот Кики е доскорешен генерален секретар, и се уште во раководството на партијата на власт, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-И ако има нешто блескаво во СДСМ тоа е кариерата на овој Кики, ама не по чесноста, туку блескава по нечесноста, сомнежите кои ОЈО треба да ги потврди или отфрли дека бил учесник во сомнителни зделки, вработувања, договори. Барем да ќути, да пропадне и да молчи, како другарка му Фрики, но Кики уште гласен, реди надимаци на други луѓе кои не ни помирисале криминал како што овој Кики тоне во него. Народот вели “ем шуто ем боде”, се препелка и тоне во сопствената кал. Крајот ви се ближи, и тоа го знаат и Кики и Фрики, и Зоки Поки, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...