Царовска крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Жртви на ова ненародно владеење од СДСМ овојпат се вработените во градинките.

Царовска крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите за околу 900 денари.

СДСМ прави дискриминација на вработените во овие установи.

Покачување има само за даватели на услуги, вработени со високо образование со 240 ЕКТС, a намалување на плати има за административни службеници – вработени со високо образование 240 ЕКТС.

Ова е само уште еден доказ дека Царовска не работи ништо освен ширерње на лажни вести.

СДСМ и Царовска мора веднаш да си заминат, по што ќе бидат исправени неправдите и сите ќе може да се надеваат на покачување на платата.

Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...