Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ не ги ослободува дрвата, туку го ослободува градот од дрва.

Шилегов и СДСМ вчера направија масакр во Аеродром, обидувајќи се да го сокријат преку замолкнување на невладините организации кои гушкаа дрва и медиумите кои порано жестоко реагираа на секое исечено дрво.

Со соопштенија полни со лаги и манипулации нема да ги излажете граѓаните.

Доцна попладнето кај хотелот „Хилтон“ без присуство на камери и фотоапарати се изврши масовна сеча на дрва.

Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности.

Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев.

Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден. По година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект.

Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...