Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали го добивте во последната верзија Законот за обвинителство што излезе од Влада и ако може некои посодржински забелешки? Што од предлогот кој вие го најавувавте во предлог закон за Јавно обвинителство?

Одговор: Во однос на забелешките на постојниот Закон за Јавно обвинителство којшто го предложи Зоран Заев, односно власта што го предложи до Собранието, од моите информации од внатре од Собранието се уште не е стигнат во Собранието предлог текстот. Но во однос на забелешките се уште се вршат анализи, така да во најкус можен рок во некој од следните денови ќе излеземе детално со забелешките на нивниот. Во меѓувреме фокусирани сме на финиширање на нашиот и ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот, а  во делот за одбивањето на Вилма Русковска тоа е веќе добро познато и која е причинита и нејзината поврзаност со власта, така да очекувајте во некој од следниве денови да излеземе со конечни забелешки и конечни предлози.

Прашање: Кога вие ќе имате ваш предлог и овој владиниот, ќе го поднесете и вашиот во Собрание или ќе одите преку амандмани?

Одговор: Ќе почекаме да се завршат анализите, да ги видиме сите забелешки односно колку е спротивен нивниот предлог со нашиот, па потоа ќе излеземе и ќе ги кажеме нашите конкретни постапки во однос на донесување на законот.

Прашање: Доколку ве повикаат на консултации во рамки на Собранието, во рамки на пратеничките групи дали ќе прифатите основа да биде овој закон?

Одговор: Видете, како што реков да не прејудицираме однапред кој закон би бил основа за носење на законот за Специјално обвинителство, веќе неколку пати имаме кажано дека овој закон кој што го поднесува Зоран Заев веруваме дека не е со искрени намери. Туку можеби е закон кој што ќе сака на некој начин да се амнестираат тие како влада. Така да почекаме сепак уште ден, два да завршиме со анализите и веднаш потоа ќе ги знаеме сите чекори следни кои што ќе ни следат за носење на законот.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...