Мицкоски: Осомничените во Рекет се извршители, институциите треба да се занимаваат со Кики, Фрики и координаторот на сето ова Зоки Поки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Сител истакна дека за него нема дилема дека во овој случај виновници се двајцата осомничени кои што се извршителите.

Тој вели исто така дека нема ни дилема за Катица Јанева и смета дека таа  е инволвирана во овој случај поради сопствената лукративност.

-Јавноста треба многу поконретно да се занимава со сведочење на бизнисмени во нашето општество кои што биле жртви на Кики и Фрики, а Бога ми и на координаторот на случајот, а тоа е Зоки Поки, вели Мицкоски.

Мицкоски исто така истакна дека по разговорите кои што тој ги водел со голем број на луѓе кои што се жртви на рекетот,тоа е навистина сериозно, упатени се до обвинителството да ги приложат своите докази, бидејќи треба да се каже вистината и да се биде одлучен во борбата против криминалот и корупцијата.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...