Мицкоски: Ако Русковска е предлогот на Заев, зошто не го прифатат предлогот на опозицијата Панчевски да биде на чело на новиот обвинителен оддел?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Сител оценува дека обвинителката на СЈО и тимот, според закон, не можат да се префрлат во новоформирано обвинителство, туку тие треба да се вратат во обвинтелствата од каде биле превземени пред СЈО.

-Имаме друг човечки ресурс како дел од СЈО, како внукот на Јанева, идната снаа на Катица Јанева, двајцата братучеди на еден од обвинителите, Бубевски, симот и внуката на една од обвинителките таму. Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Василевски, синот на Лидија Неделкова и останатите пријатели, роднини и соседи на Јанева… Со овој нов законпредвидува сите овие договорци да бидат превземени од страна на новото обвинителство. Се поставува прашањето кого поддржуваме ние, дали луѓето кои биле соучесници во „Рекет“ за да го заштитат процесот или тие треба да се борат и да бидат бескомпромисни со криминалот, истакна Мицкоски.

Го коментираше и предлогот Русковска да биде на чело на ова обвинителство, а даде и свој предлог.

-Вториот дел од мојот одговор е таканаречениот репрезент на Рускоска обвинителството. Тоа е исто како сега ние да предложиме човек кој навистина има репутација и кредибилитет,  кој е биран со години за најдобар меѓу луѓето кои се репрезенти во таа фела. Тоа е господинот Владимир Панчевски. Зошто тоа да не е човекот кој ќе го води тоа одделение или обвинителство, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека негов предлог за оваа функција е токму судијата Панчевски и прашува зошто да не го прифатат предлогот на опозицијата, ако Заев може да си ја предложи Русковска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...