СДСМ криминалот и корупцијата ги институционализираше и ги претвори во свој заштитен знак

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Снежана Калеска-Ванчева

СДСМ ја пропушти шансата за борба против криминалот и корупцијата.

СДСМ не само што не покажа волја, туку во изминатите три години криминалот и корупцијата ги институционализираше и ги претвори во свој заштитен знак.

Оттука целосно лицемерно е СДСМ да говорат за правна држава и владеење на правото, а патем Драги Рашковски се уште да е генерален секретар на Влада, Курто Дудуш да е се уште градоначалник, Кики и Фрики се уште да бидат на слобода, а Зоран Заев Капо ди Тути капи се уште да биде премиер.

Законот кој што СДСМ го предлага наместо правна држава треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод кој е создаден од оваа власт. Законот кој го предлагаат е надвор од европските стандарди и има една единствена цел да ја замолкне опозицијата. Законот на СДСМ е неприфатлив и од персонален план кој Заев сака да го наметне, бидејќи тој е синоним за политичкото влијание врз судството. Јасна е тенденцијата на Заев и СДСМ да создадат алатка со која ќе го продолжат притисокот врз секој оној кој што се спротивставува на нивниот криминал.

Да не се секира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува предлог законот за јавно обвинителство и истиот многу и скоро ќе биде доставен до Собранието и до јавноста.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...