Арсовски: Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски сервис

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Катица Јанева е еден од пипците на октоподот. Без нејзина поддршка и поддршката на Зоран Заев и други функционери од власта Боки 13 не можел да рекетира милиони евра од бизнисмени.

Катица Јанева ја завршува кариерата онака како и што ја почна. Политички и по нарачка се обидува да го минимизира рекетарскиот скандал што ја разголи целата власт на Зоран Заев и начинот на владеење изминатите години. Катица Јанева само за плата во овие четири години од граѓаните има земено преку 150.000 евра, а не почувствува потреба да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста.

Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со нејзе. Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека она е соучесник и она им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал. И практично е виновна за тоа.

Катица Јанева одби да објасни и зошто лажела дека нејзиниот телефон е украден кога истиот телефон самата Катица Јанева наводно го подарила.

Дали Јанева имала контакти со Заев, Кики или Фрики и за што разговарале со тој телефон?

Катица Јанева не кажа дали одлуката да се укине притворот за бизнисменот Камчев е нејзина или одлука на обвинителката Лиле Стефанова?

Катица Јанева не почувствува ниту срам, ниту одговорност за ова што се случува во моментов, но тоа што е потрагично во моментов е фактот дека ништо сомнително не гледа ниту обвинителката Русковска, практично се обидува да ги заштити.

Низа нелогичности во постапката која ја води обвинителството во врска со аферата рекетарско-политичко-обвинителски октопод, покажува тенденција истиот да биде забошотен и практично да се заврши со минимална штета што е невозможно бидејќи целата јавност знае кој и како рекетира.

Истрагата е се освен непристрасна и професионална. Начинот на кој што Вилма Русковска ја води оваа истрага укажува дека таа има намера да ја заштити главата на политичко-медиумскиот-рекетарски октопод.

Дали лажниот исказ на Катица Јанева даден во истрагата во врска со телефонот не е индиција дека и таа е инволвирана, односно и против неа треба да бидат преземени посебни истражни мерки односно ПИ мерки?

Дали Русковска со непокренувањето постапка против Катица Јанева свесно и остави време на Катица Јанева да ги уништи доказите и пораките што ги разменувала со оштетените, рекетарите или пак функционерите на СДСМ од кои ја добива поддршката?

Дали бришењето пораки од апликации е причината поради која не е побаран и телефонот од Зоран Заев? И дали неговата комуникација со Катица Јанева, Боки 13, Кики и Фрики е главната причина поради која што Заев го смени бројот и протоколите односно начинот на комуникација?

Очигледно е дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во државава. Се знае во државава кој е капо ди тути капи и заради кого се плаќа рекет. Боки 13 е само извршител, или само еден од пипците на овој октопод.

Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид на Боки 13 да рекетира. Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу имиња како Кики и Фрики, но и нови како Раки, Шеки, Џеки, Каки, Заки, Трики и кој уште не, што најверојатно јавноста многу брзо ќе ги дознае. Секој што помага да се забошоти случајот ќе одговара за своите постапки кога ќе биде вратена правната држава, а тоа ќе биде многу брзо. Бидејќи ваква голема афера и вакво криминално дело односно кривично дело не застарува и сите ќе одговараат.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...