Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Бетиане Китев

Грижата на СДСМ за медиумските права и слободи е лажна. Медиуми и новинари добиваат тужби и отворени закани од високи функционери на власта, а јавноста е сведок на најголемиот досега политичко-медиумско-рекетарски октопод. Доколку Заев беше барем малку заинтересиран за интегритетот на медиумите ќе го разрешеше заканувачот Рашковски, заедно со Кики и Фрики кои се посочени како соучесници на еден сопственик на медиум.

СДСМ непотребно креира нервоза во јавноста по однос на прашањето за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

Во текот на денешниот ден, како резултат на консултации со повеќе асоцијации и здруженија, беше соопштено дека во наредните неколку денови ќе биде закажана  седницата на Комисијата за избори и именување, која ќе отпочне постапка за избор на членови на  на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Програмскиот совет на МРТ.

Очајничките обиди на СДСМ за дефокус на јавноста се без предметни. Постапката ќе започне, но проблемите на граѓаните остануваат. Криминалот и корупцијата и натаму цветаат, секој ден граѓаните се сведоци на некоја нова афера и скандал, во кои се вмешани луѓе блиски до власта како и високи државни и партиски функционери блиски до власта.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...