Трипуновски: Земјоделците се разочарани од овој игнорантски однос на владата на СДСМ, Заев и министерот Димовски

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сум во посета на битолскиот регион каде што ќе остварам средба со  повеќе категории земјоделци од овој регион.

Моментално се наоѓам во село Егри битолско каде што имам средба со земјоделците од ова село и овој регион. Разговараме за актуелните теми и проблеми кои што ги тиштат земјоделците од овој регион, една од главните работи кое што го нотираат на овие средби е доцнењето на исплата на средства од јавните повици кои што ги имаше платежната агенција и  Министерството за земјоделие, тоа се повици за млад земјоделец и повиците за ИПАРД финансирањата.

Она што можам да го кажам дека овие млади луѓе и оние кои што сакаат да инвестираат во земјоделскиот сектор понудиле до Платежната агенција и до Министерството за земјоделие сериозни проекти се со цел да инвестираат во земјоделскиот сектор и да инвестираат во овој дел, да можат да ги прехранат своите семејства и да останат пред се во Република Македонија.

Меѓутоа она од разговорот што можам да го пренесам е дека се длабоко разочарани бидејќи и после 9 месеци од дадените апликации во платежната агенција и во министерството се уште немаат никаков одговор, ни дали се добитни ни дали се одбиени од јавниот повик. Иако јас пред неколку дена го повикав и директорот на платежната агенција и министерот да излезат и да кажат зошто се доцни со овие апликации и зошто се уште немаат одговор. Меѓутоа од реакцијата од министерството беше бледа, без никаква суштина.

Она што овде овие млади луѓе кои што сакале да инвестираат во земјоделскиот сектор ми кажуваат дека се длабоко разочарани од игнорантскиот однос и од претходниот министер Николовски и од сегашниот односно негов наследник Димковски, и од директорот на платежната агенција бидејќи иако во повикот се обврзале во рок од 3 месеци да дадат одговор на овие млади луѓе кои што скаат да инвестираат во земјоделскиот сектор и по 9 месеци сеуште немаат никаков одговор.

За жал морам да пренесам дека некои од нив размислуваат да ја напуштат Република Македонија, затоа што овој игнорантски однос едноставно ги доведува до раб на егзистенција нив и нивните семејства и се принудени да ја бараат својата егзистенција надвор од границите, тоа е жалосно и не треба да биде така.

Ја користам оваа прилика директно од терен, директно од земјоделците да упатам до власта, до министерството, до директорот на платежната агенција да излезат помеѓу земјоделците да ги слушнат проблемите на македонскиот земјоделец, да работат на унапредување на македонскиот аграр, затоа што земат пари од народот, а уживаат во нивните климатизирани кабинети, наместо да излезат на терен и да работат за подобро земјоделство.

Исто така сакам да им упатат ако толку им е тешко да не се мачат нека ги отстапат своите места на луѓе кои можат и се способни да работат бидејќи македонскиот земјоделец е доведен во една незавидна ситуација, едноставно молат за леб. Било кој земјоделски сектор, бил која гранка во земјоделието во Република Македонија изминативе две години претрпе огромни штети, а тоа е од причина што се оставени сами на себе. Дали се работи за пласман  на земјоделските производи, дали се работи за исплата на субвенциите или дали се работи за сите овие повици кои што ги објавуваа, а и ден денес немаме никаков одговор. Овие млади луѓе се оставени сами да се снаоѓаат како што умеат, затоа уште еднашка ја повикува власта веднаш и сега да излезе помеѓу народот, да работат за нив, бидејќи се дојдени од народот. Ако не се способни нека си заминат, бидејќи крајно време е да не го до упропастуваат македонското земјоделство.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...