Муцунски: Ни треба силно обвинителство, антипод на СЈО кое ќе се бори, а не создава највисока корупција

Интервју на Тимчо Муцунски за порталот faktor.mk

Фактор: Мицкоски одби да учествува на лидерската средба која ја свика премиерот Заев. Ќе остане ли ВМРО-ДПМНЕ на овој став и дали и натаму ќе инсистирате да се одржат предвремени парламентарни избори?

Муцунски: Барањето за предвремени избори, според нас е од клучно значење, посебно земајќи ги во предвид сите актуелни случувања на јавно политичката сцена во Македонија. Огромните слабости на актуелната Влада најсериозно ги чувствуваат граѓаните. Квалитетот на нивниот животен стандард секојдневно се влошува, трошоците на живот растат вклучувајќи ги цените на храната, здравствениот сектор е нефункционален, инвестициите во образованието и инфраструктурата скоро и да не постојат, додека нашите млади и перспективни сограѓани, пријатели и семејства се помасовно се иселуваат. Паралелно на тоа правосудните институции целосно го имаа изгубено својот кредибилитет, што пак е резултат на несоодветно однесување и злоупотреба на позициите од страна на мала група поединци кои на преден план го имаат остварувањето на нивните лични интереси, пред оние на државата.

Како резултат на напластените проблеми повеќе е од очигледно дека во Македонија политичкиот дијалог станува се потешко одржлив, а довербата во Владата и нејзините институции е во слободен пад. Оттука, несомнено е дека решението за овие процеси е повеќе од неопходно да се бара преку одржување на побрзи предвремени парламентарни избори со точно определени рокови за исполнување на уставните и законските обврски, а кои би помогнале во надминувањето на горенаведените критични состојби, во ресетирањето на целиот систем и зголемување на подготвеност на институциите во исполнувањето на внатрешните и надворешно политичките стратешки приоритети на државата.

Што се однесува до лидерските средби како формат за решавање на политички проблеми, мислам дека истите треба да се користат внимателно, бидејќи нивното постојано користење како начин на решавање на одредени политички и друг вид на прашања и проблеми непосредно влијае кон поткопување на кредибилитетот на институциите и функционирањето на политичкиот систем. Токму во таа насока аргументот на Претседателот Мицкоски дека не ја гледа логиката на средба во овој формат кога партиите се уште се далеку од решение е сосема легитимен и неспорен. Одржување на лидерската средба во наредниот среднорочен период веројатно е возможна и потребна кога ќе има на повидок постигнување на одредени решенија за главните предизвици со кои се соочува државата и нејзините граѓани.

Фактор: Главен предизвик остануваат реформите на правосудството. Катица Јанева си поднесе оставка од СЈО и се отвори истрага за рекет вреден милиони евра и обиди да се влијае врз обвинител во предмети. Дали вашите тврдења дека се врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ сега ќе ги потпирате на овој случај и ќе барате ли поништување на досегашните истраги, обвиненија и пресуди?

Муцунски: Со жалење морам да констатирам дека во последните триесет години не сме имале целосно независен и функционален правосуден систем, а кој имал доволно капацитет, знаење, храброст и моќ да се спротивстави на посредната или непосредната контрола на политичките чинители во нашата држава. Токму заради таквата невообичаена и несоодветна користена досегашна праксакористена од страна на сите политички елити е меѓу основните причини, зошто и денес граѓаните се уште не веруваат во правосудството и е меѓу основните причини за нефункционалноста на принципите на вистинската пазарна економија. Решавањето на равенката и не е така сложена операција, едноставниот одговор е дека доброто владеење, кое примарно опфаќа функционално правосудство и функционална јавна администрација, правопропорционално создава повисок стандард за граѓаните.

Последниот случај со актуелностите во СЈО е само дополнителен доказ дека се повеќе од неопходно е да се преземат брзи, ефикасни и сеопфатни реформи во правосудството, за кои сме свесни дека нема да бидат едноставни и брзо применливи. Таквите реформи мора да бидат насочени кон целосна изолација на малиот број поединци од правната професија кои во изминатиот период користејќи го нивниот привилегиран статус во општеството и злоупотребувајќи ги своите службени овластувања го имаат земено во заложништво целиот правосуден систем и држава, паралелно со тоа потиснувајќи ги и ставајќи на страна големиот број професионалци и чесни кадри кои ги имаме на располагање во судовите и обвинителствата ширум Македонија.

Што се однесува до СЈО, морам да нагласам дека е време посебна анкетна комисија во Собранието конечно да направи сериозна анализа и да одговори на прашањето, зошто се потрошени околу 15 милиони евра од парите на нашите граѓани кои нèбеа определени за беспрекорно функционирање на оваа институција. Особено е значајно детално да се истражува и анализира, какви резултати постигнало СЈО во борбата против високата корупција, дали примањата на обвинителите биле сразмерни со постигнатите резултати и нивната работа, како и широкиот обем на распространет непотизам кој воопшто не се негираше од специјалната обвинителка која раководеше со оваа институција. Не смееме да дозволиме да се повтори оваа непријатна епизода во македонското правосудство, а во прилог на разрешување на овој случај повикуваме на објективна истрага преку која ќе биде можно да се утврди, зошто и како дозволивме да се случи ова и што би можело да се преземе во иднина за да се спречат такви девијантни појави во општеството кои посебно и нанесуваат голема штета на надворешниот имиџ на државата.

Многу поконкретно во врска со вашето прашање, морам да истакнам дека ниту една политичка партија не смее ниту да помисли да игра било каква улога во спроведувањето на постапките пред правосудните тела и при донесувањето на одлуките и во вршењето на било какви влијанија и притисоци врз носителите на правосудни функции. Но, за жал кога сме сведоци на јасна неправда и злоупотреби во сериозен обем, тогаш е повеќе од јасно дека мораме да го кренеме нашиот глас против неправдата, како и со заедничка позитивна акција да се соочиме и бориме за системско справување со таквите појави. Тишината и согласност со испорачаната неправда ќе влијае кон нејзино непосакувано зголемување и истовремено обезвреднување на демократските вредности на слободното општество.

Фактор:Што може да придонесе ВМРО-ДПМНЕ понатаму во реформите на обвинителството и судовите, продолжувате ли да учествувате во работните групи, ќе има ли некаков конечен исход?

Муцунски: Подготвени сме да продолжиме да ги помагаме реформските процеси со аргументи, знаења, искуства и најдобри пракси, како и да предлагаме решенија кои целосно се насочени конпотребните и целисходни реформи на правосудството. Нашата партија располага со сериозна експертиза и во таа смисла ќе понудиме конкретно законско решение, а кое нуди излез од огромниот број нефункционалности и проблеми кои досега се појавувале и се уште постојат во правосудниот систем. Исто така, што се однесува до иднината на СЈО, цврсто стоиме на ставот дека е потребен силен и независен обвинителски механизам кој ќе се бори со високата корупција и ќе биде антипод на СЈО, а за кој на јавноста и беа понудени сериозни индиции дека наместо да се бори со високата корупција всушност бил еден од главните генератори на нејзино проширување.СЈО кое работи на ваков начин не и е потребно на Македонија.

Во однос на прашањето, дали ќе се постигне решение во поглед на тие реформи на јавното обвинителство секако зависи и од другата страна во овој процес на преговори. Нашата подготвеностза преговарање е олицетворена преку целосна конструктивност базирана на правни аргументи, истакнувајќи дека нема да бидат прифатени решенија кои се потпираат на принципот „земи или остави“, без притоа да се даде аргумент. Дополнително, нема да дозволиме постојано да се повторува неодржливата политичка етикета дека некој се бори „за скриена амнестија”, што е далеку од вистината, но и од визијата на нашата политичка партија. Законско решение кое ќе го понудиме ќе биде во рамките на највисоките меѓународни правни стандарди, препораките на нашите стратешки партнери, а секако почитувајќи ги Уставот и другите законски прописи на нашата земја. Уверен сум дека во рамките на почитувањето на наведените меѓународни и домашни правни стандарди можно е да биде пронајдено стабилно и одржливо решение, особено доколку постои вистинска волја и интерес од другата страна за водење на рамноправен дијалог и барање на соодветно компромисно решение. Сепак, како правник, сум поборник наидејата дека никако не смее да се прифати решение кое со закон ќе се обиде да легализира досегашни противправни дејствија на одредени поединци во правосудниот систем и во таа насока нема да дозволиме амнестија за обвинители кои постапувале против законите.

Мислам дека е дојдено време да кажеме „доста беше” на закони и политики кои служат само тесни интереси и за прв пат да се обидеме да решиме еден сериозен проблем, а кој подолго време претставува огромна рак-рана за нашето општество. Токму таквото однесување теоретски и практично ја потврдува тезата за постоење на т.н. „заробена држава”.

Фактор: Една од најголемите забелешки против ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство е дека не се оградуваат од грешките во минатото и дека заштитувате осомничени екс функционери за криминал, па затоа и тешко се враќа довербата во вашата партија. Како ќе ја убедите јавноста дека ако би дошле повторно на власт нема да владее корупција, прогон на неистомислениците, медиумско поклопување и пропаганда и узурпирање на институциите(Заробена држава)?

Муцунски: Прашањето за оградување се поставува како да е црно и бело. Ние како политичка партија сме ги признале и мораме да продолжиме јавно да говориме за грешките од минатото, когамакедонската Владата подолго време ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ и овде не гледам дека постои било какво сомневање. Но, покрај негативното искуство од претходното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ јас сепак би сакал да потсетам дека во текот на тој период на владеење на оваа политичка партија на финансиски, економски и инвестиционен план и во поглед на изградбата на инфраструктурата на државата беа постигнати извонредни резултати, а кои и беа и основниот двигател на економскиот развој на државата и драстичното намалување на невработеноста, а која да потсетиме дека изнесуваше дури 38 проценти. Патем добро е да се спомне и дека фалбите на актуелната Влада со растот на странски инвестиции во најголем дел се поврзани со инвестициите кои се обезбедени во времето кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт, како и со автопатиштата кои во најголема мерка биле изградени уште за времето на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според мене, секое навраќање кон минатото е само невешт обид за оттргнување на очите на јавноста од актуелните неуспеси на Владата. Замислете доколку сега ВМРО-ДПМНЕ започне да се навраќа на сомнителната и нелегитимна приватизација и да го обвинува актуелното раководството на СДСМ за затворените стотици компании и оставените стотици илјади семејства без средства за основни животни потреби и егзистенција.

Мислам дека јавноста постепенозапочна да гопрепознаваова ново лице на ВМРО-ДПМНЕ предводеноод д-р ХристијанМицкоски, кое целосно е подготвенокако кадровскитака и од гледна точка на реално политичкодејствување да се соочи и да понуди решение во поглед на сите ониепредизвици со кои соочува нашатататковина и кои какотакви ни претстојат за решавање на внатрешен и надворешен план. Ниенудиме постојандијалог со граѓанитепреку промоција на принципите на одговорност, чесност и искреност во политичкиот простор, бидејќицелта на ВМРО-ДПМНЕ не е доаѓањенавластпосекојацена, туку формирање на реформскавладакојаќеима за цел да данаправи вистинскивнатрешниреформи и да создадеопштество во кое ќеговратидигнитетот на сите нејзиниграѓани и да создаде нов систем на вредности, којцелосноќебидеослободенодстегитенакриминалот, корупцијата, непотизмот, партиските и личнитеинтереси на мала група поединци.

Фактор: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ ги ловеше грешките на власта, но впечаток е дека не се ангажирате премногу за да ја подгреете опозициската атмосфера и притисоци врз СДСМ. Можеме ли да очекуваме ново дејствување преку протести?

Муцунски: Убеден сум дека најголемо задоволство од радикализација на ВМРО-ДПМНЕ би ја имале структури во и надвор од нашата земја и посебно оние кои не и мислат добро на Република Македонија. Протестите се демократски средство за изразување на незадоволство, и оттука не мислам дека постои сериозна опозициска партија во развиениот свет која целосно би го исклучила користењето на таквите методи на дејствување. Овде посебно би сакал да потенцирам, дека за разлика од одредени негативни примери во одредени држави во регионот и пошироко, каде сме сведоци институционален бојкот на опозиционите партии, ние како главна опозициона партија во државата и како раководство на ВМРО-ДПМНЕ, веќе подолг временски период настапуваме проактивно во рамките на институциите и максимално сме посветени кон користење на сите демократски средства кои ги имаме на располагање. Во рамките на нашето дејствување секојпат кога ќе оцениме дека е потребно да критикуваме тоа го правиме на соодветен начин со јасно дејствување против нелегалните постапки, појави и слабости кои се појавуваат во владеењето на актуелната власт. Ќе нотирам дека улога на опозиција не е да подгрева атмосфера на неконструктивност, туку да биде вистински коректор на власта, да понуди кредибилна алтернатива, да ги потпомага сите процеси кои се во интерес на остварувањето на нашите стратешки надворешно политички и економски приоритети, да ја промовира државата надвор, да привлекува странски инвестиции, да работи во интерес на засилениот економски развој, во задржувањето на младите во државата. Правејќи го тоа како што го чиниме на вистински и одговорен начин, повеќе од сигурен сум дека кормилото го држиме на вистинската патека, дека сме на очекуваната висина на исполнување на задачата која ни припаѓа и за чие исполнување сите ние заеднички одговараме пред граѓаните, од кои ја очекуваме заслужената поддршка на следните парламентарни избори.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...