Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец 9 месеци чекаат известување од Платежната агенција да ги извести дали се избрани за грант од 10.000 евра

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави  уште во октомври 2018 година се уште чекаат одговор.

Веќе девет месеци чекаат известување дали се избрани или не за грант од 10.000 евра.

Иако власта со објавување на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката за тоа кој е избран, а кој не, да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог.

Стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.

Почитувани,

Власта издиша. Буквално се посрамоти. Се редеа Љупчо Николовски, Стефан Богоев и кој ли уште не, да не убедуваат колку успешно ќе го терале овој проект, сега откако ништо не мрднаа од мртва точка никаде ги нема, првиот додуша се сокри и избега на Бихачка, затоа што ништо од она што го ветуваше како министер не исполни.

Ништо подобар не е ни неговиот наследник Димковски.

Ги прашуваме министерот Димковски и директорот на платежната Бабовски има или не средства во програмата за оваа мерка? Доколку има зошто е во застој, доколку нема, зошто нема иако е ветено и распишан повикот?

Дополнително треба да одговорат Николовски, Димковски и Бабовски дали чекаат да се доиспразнат македонските села, па да нема на кого да ги исплатат средствата или пак чекаат одлука на локалните ограноци на СДСМ,за тоа да кажат кого е подобен а кој не.

Почитувани,

На земјоделците сте им преку глава. Земјоделецот го донесовте на питачки стап, луѓето немаат леб да јадат, а вие се луксузирате во удобните климатизирани канцеларии.

Време е за оставки.

СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр затоа немојте да се мачете , и немојте да  ги мачете ни македонските земјоделците. Заминете си додека е време!

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...