Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра да раководи со депонијата Дрисла

Соопштение до јавности

Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра да раководи со депонијата Дрисла.

Скопјани не знаат кога да му веруваат на неработникот Шилегов, кога ја убедуваше јавноста дека Шолц се вистинскиот избор за стопанисување со Дрисла или сега кога го раскинува договорот со нив. Се работи за дистанца од само еден месец каде градот има дијаметрално спротивни ставови, и затоа  неработникот Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање на некаква провизија, познавајќи каков криминален октопод управува со државата.

Петре Шилегов пред еден месец не ги слушаше апелите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е враќање на Дрисла на градот Скопје, и распишување на нов избор за концесионер, тогаш арогантно тој одбиваше да ги прифати таквите позиции. Сега ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време. Шилегов не е способен да истера ниту една одлука ниту еден проект кој е од корист за граѓаните.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...