Мерката „зелена нафта“ е козметичка и популистичка

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференција на Цветан Трипуновски

СДСМ откако дојде на власт ги лаже земјоделците.

Со мерката зелена нафта само половина од земјоделците во Република Македонија можат да ја користат.

Власта предвидува само 55.000 картички за зелена нафта, а во Македонија регистрирани се над 100.000 македонски земјоделци.

Со ова само се отвора сомнеж како ќе се делат картиците, и дали истиот избор ќе се врши  по општинските на СДСМ.

Мерката е козметичка и популистичка бидејќи се работи за минимално намалување на трошоците на производство кои се движат од 1 до 3%

Со ова само се докажува негрижата на СДСМ за земјоделците со што донесе повеќе штетни отколку корисни влијанија во земјоделието.

 

 

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...