Заев и донесе меѓународен срам на Република Македонија

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и донесе меѓународен срам на Република Македонија. Тој со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на државата.

Разговорите со лажниот Порошенко покажаа дека Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија. Очигледно дека тој  првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи на  македонски бизнисмени, или пак на Вселенскиот Патријарх.

Дека Заев е опкружен со криминал ни откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите, каде се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и  поткуп за пропаганда со лажни вести,  но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија.

И тоа не е единствен пример каде ги загрозува односите на Македонија со други држави. Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот  претседател на Украина, Владимир Зеленски нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија.

Воедно тој без проблем и без размислување издава  стратешки тајни за Република Македонија и регионот, но и телефонски броеви од странски државници и кој знае уште какви важни информации има споделено во тие година дена колку што траеле разговорите со лажниот Порошенко.

Разговорите исто така ни откриваат дека Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија. Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека  не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности.

Одговорност за сето ова мора да има. Не само што постојат индиции за криминал и прекршоци за кои обвинителството мора да реагира, туку изнесени се и сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали со кои нанесена е огромна штета на Македонија.

Секој изминат ден со Зоран Заев и неговиот неспособен тим значи поголем срам за Република Македонија во меѓународни рамки. Зоран Заев што побрзо мора да си замине, за да може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно им ја нанесува на граѓаните и на државата.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...