Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Премиерот Заев денеска на прес конференција повика на лидерска средба во петок во 14 часот во Клуб на пратеници. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати?

Одговор: Во однос на лидерската средба веќе и претседателот  Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности.

 Прашање: темите кои ги предлага Заев се, Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик и Пописот. Какви се ставовите на вашата партија во однос на ова, имате ли некој конкретни предлози што би требал да биде направено?

 Одговор: Видете, штотуку ви го кажав во одговорот на првото прашање за  конкретниот предлог за  лидерската средба дека најпрво на таа лидерска средба мора да се разговара за предвремени парламентарни избори, а веднаш потоа може да се разговара за се останато. Значи прва и единствена точка на разговор треба да биде предвремени парламентарни избори.

Прашање: Одговор на прашање од колешка е очигледно дека нема расположение кај него за предвремени парламентарни избори?

Одговор: Кај Зоран Заев и во неговото денешно обраќање се виде дека нема расположение за избори и дека тој едноставно бега од избори со самото тоа што кажа дека може да се разговара за Изборниот модел, меѓутоа да не бидат притисок предвремените парламентарни избори. Со самото тоа тој покажува дека се плаши и бега од избори, од проста причина како што знаете целата јавност е сведок на големата корумпираност на неговото давење во скандали, на најкорумпираната влада во моментот, на наместени тендери, на лични провизии инт. Така што, единствен во моментот кој што бега од избори е Зоран Заев и тој самиот го потврди денеска уште еднаш тоа.

           

 

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...