Радмила Шекеринска во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис

Интегрален текст од прес конференција на Силвана Ангелевска

Почитувани,

Лицето на транзицијата, симболот на криминалот и корупцијата, главниот соработник на аболираниот за сторен криминал политичар Зоран Заев, имаше можност да им се извини на битолчани за сите лаги, неисполнети ветувања и криминалната транзиција по која битолчани го паметат СДСМ.

Радмила Шекеринска главниот соработник на Зоран Заев, во РЕК Битола гледа само уште еден бонбона бизнис и ништо повеќе.

Вчера во Битола, Радмила Шекеринска, продолжи со вообичаената навика да ги лаже битолчани и се обиде да ја прикрие неспособноста на раководството на РЕК Битола.

Ова се извештаи од Регулаторната комисија за енергетика од  2010 до 2018 година. И не само што последната година не е рекордна во производство на електрична енергија туку е убедливо најниска.

Радмила Шекеринска не знае дека податоците за производство на електрична енергија се документирани и се чуваат. Во последните 10 години во Термоелектрани Битола , највисокото производство на  електрична енергија е во 2011 година, 4.189 гигават-часови, а најниско е во 2018 година, 2.603 гигават-часови.

Со тоа, лага е дека заради заштита и домаќинско работење ќе се инвестира во заштита на човековата околина. Битола руши рекорди во загадувањето веќе трета година по ред. Така наречената модернизација на  електростатските филтри поради начинот на кој ја водите постапката ќе одземе најмалку  3 уште години.

Тоа е уште една голема лага и е далеку од сите ваши предизборни ветувања. Вистински и реални заштеди ќе направевте доколку се инвестираше во сопствена механизација на комбинатот , уште едно ваше големо предизборно ветување, за што воопшто не е ни започната постапката.

Зарем мислите дека граѓаните на Битола го заборавија ТАТ, кога 30.000 граѓани останаа без  своите заштеди? Зарем мислите дека битолчани ви заборавиле дека ги оставивте на улица со уништувањето на индустријата, затворањето на Фринко, Битолатекст, Јавор, Социјален Борец, Прогрес, Иднина и уште многу други компании?

Госпоѓо Шекеринска, Битола не ви верува повеќе. Никој во државата не верува на вашите лаги, на оваа ваша купи ден политика врз грбот на граѓаните. Доаѓа вашиот и на вашиот ментор Заев, политички крај, а со тоа и крај на агонијата во која што втурнавте Република Македонија.

Заедно со граѓаните победува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија и започнува обновата на Македонија.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...