Заев докажа дека владее и организира избори на криминален начин со сталинистички методи

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес  конференцијата на Наум Стоилковски

Разговорите со комичарите потврдија дека на Зоран Заев омилени му се криминалните и сталинистичките методи за владеење и организирање на избори.

Од снимката јасно може да се слушне дека Заев без секунда да размисли се согласува со сталинистичкиот совет дека не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите.

Тоа само ни укажува како СДСМ и Заев ги организираа претседателските избори  и референдумот кога имаше бројни скандали за изборни нерегуларности, за кои партиското обвинителство не реагираше.

Во изборните циклуси кои СДСМ ги организираше бевме сведоци на поткуп во изборни цели од страна на Заев, заплашување, организирано гласање, како фалеа гласачки ливчиња и како се гласаше за 2, 4, 5 или 7 секунди, а обвинителството за овие нерегуларности спиеше.

Воедно  пораките кои се појавија во медиумите покажаа дека Заев во владиниот кабинет се среќава со лице кое е обвинето за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и за поткуп за пропаганда со лажни вести.

Сето  тоа ни говори Заев на каков криминален и нечесен начин  владее и организира избори.

Постојат  сериозни индиции за криминал и прекршоци направени од Заев  за кои јавното обвинителство мора да излезе од канџите на власта и да отпочне сериозна истрага за разговорите на Заев со лажниот Порошенко.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...