Владиниот кабинет наместо за средби со инвеститори, служи за средби на Зоран Заев со сомнителни ликови со дебели досиеја

Соопштение до јавноста

Владиниот кабинет наместо за средби со инвеститори, служи за средби на Зоран Заев со сомнителни ликови со дебели досиеја, инволвирани во меѓународни скандали.

Пораките од Заев до лажниот Порошенко кои беа објавени во медиумите покажуваат дека  тој во владата одржувал средби со Тал Силберстин, човек инволвиран во скандалот поради кој падна владата на Себастијан Курц во  Австрија, земја која е докажан пријател на Република Македонија.

Покрај тоа, Силберстин со кого Заев се фали дека се среќавал е човек  против кого се водат криминални процеси во Израел и Романија и тоа за перење пари, поткуп,  попречување на правда како и за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи.

Воедно неговото име како обвинет се среќава и во Гвинеја  каде се вели дека за случајот со Романија учествувал во поткуп на претседателот  заедно со други лица се стекнале со рудник вреден милијарди долари.

Заев мора да одговори дали пред  да се сретне со Тил Силберстин го провериле неговото досие и знаеле со каков човек имаат работа.  Јавноста треба да знае што барал ваков човек на средба во владата на Република Македонија.

Колку пати Заев се среќавал со него и дали постојат записници од тие средби?

Зошто Заев се среќавал со човек против кој се водел процес  дека добил 400.000 евра за пропаганда со лажни вести?  Дали го користел за да му креира лажни вести за референдумот или за време на претседателските избори?   Колку пари овој човек ги чинеше македонските граѓани за неговите услуги?

Во оваа влада на Заев не постојат никакви безбедносни протоколи. Единствено што му е на важно на Заев е како да се одржи до крај на мандатот за да може да ги шири семејните бизниси на сметка на граѓаните на Република Македонија.

Очигледно е дека криминалците се привлекуваат меѓу себе па Заев како аболициран за поткуп, единствено што знае е да се дружи и советува со сомнителни и криминални ликови слични на него. За  Заев не е важна ниту иднината на Македонија ниту иднината на македонските граѓани.

Република Македонија со Зоран Заев и СДСМ тоне во криминал и корупција, со нив нема ниту Европа ниту просперитет.  СДСМ и Заев мора веднаш да си заминат за што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на Република Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...