СДСМ е во коалиција со криминалот, Спасовски и Заев до крајот на мандатот ќе се правдаат дека истрагата е во тек, а нема да приведат ниту еден разбојник

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски

Кој е приведен после првиот грабеж на НЛБ банка во Чаир кога беа украдени околу 150 000 евра? Никој !!!

Кој е приведен после вториот грабеж на НЛБ Тутунска Банка во Сарај кога беа украдени преку 100 000 евра? Никој !!!

Кој е приведен после десетиците разбојништва врз пошти, бензински пумпи, менувачници? Никој !!!

СДСМ е во коалиција со криминалот.

Оливер Спасовски и Зоран Заев до крајот на својот мандат ќе се правдаат дека истрагата е во тек и ќе го зголемуваат личното богатство, а нема да приведат ниту еден разбојник или криминалец.

Дали е приведен убиецот на младиот фудбалер мартин јанушев? Не !!!

Дали се приведени сторителите на двојното убиство на Рузвелтова? Не !!!

Затоа граѓаните живеат во страв и ги одбројуваат деновите до моментот кога криминалната коалиција ќе си замине од власт.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...