МВР е во тотален хаос и неефикасно, се случуваат тешки кражби сред бел ден, а никој не одговара

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Неспособноста на министерот за внатрешни работи е веќе толку општо позната работа што не е ни чудо зошто секој ден се случуваат грабежи, убиства и насилства во Република Македонија. Криминалците се осоколени и слободни, што прават дрски кривични дела сред бел ден, и за тоа не одговара никој од нив.

Каков Премиер, таков Министер за внатрешни работи, а таква за жал е безбедност на државата.

Десетина тешки грабежи, и неколку опљачкани банки и пошти откако Оливер Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај.

За неполни два месеци само од Тутунска банка на најбрутален начин се украдени 250 000 евра, а групата е оставена слободно да бира каде ќе удри следниот пат, бидејќи Спасовски ништо не презема против нив. Замислете, се уште е на слобода група која со калашникови ограбува среде бел ден и министерот мува не го лази.

МВР нема преземено ништо. Никој не знае каде заминал џипот со ЦОЛ таблички со кој избегале разбојниците, ниту кој им помогнал. Никој не знае ни дали парите се изнесени од државата или пуштени во промет на територија на Република Македонија.

За жал криминалот е присутен насекаде. Пред само неколку дена во центарот на Прилеп сведоци бевме дека беше фрлена бомба во кафуле полно со гости, а сторителите се уште не се откриени.

Спасовски или е целосно неспособен да преземе акција или пак е во коалиција со криминалното подземје, трето нема. Што и да е, Спасовски мора да си оди! Оставка мора од негова страна и тоа веднаш!

Криминалот буквално царува во Република Македонија, нема одговорност пред законот за сторителите на тешки кривични дела, Спасовски или не знае како или не сака да ги изведе пред лицето на правдата оние кои ги загрозуваат животите и безбедноста на нашите сограѓани.

Предизборната коалиција на СДСМ со криминалното подземје полека но сигурно си го зема данокот, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Партизацијата на МВР е евидентна, таа е спротивна од професионализацијата и она што навистина им е потребно на граѓаните чија безбедност треба да е основен приоритет на министерството. МВР е во тотален хаос и целосно неефикасно.

Што поскоро Спасовски и оваа власт си заминат, толку побрзо ќе се врати правдата во Република Македонија, a нашите граѓани ќе можат повторно да кажат дека се чувствуваат сигурно и не живеат во страв.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...