Мицкоски: Граѓаните се гневни, секој ден ново дно

Ситуацијата од  ден на ден се менува, станува неиздржливо, луѓето стануваат се повеќе револтирани, луѓето ќе почнат да се самоорганизираат, ова што денеска се случува ги поминува сите граници на  нормално функционирање на една држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Алсат М Телевизија.

Мицкоски вели дека практично секој ден ги слуша апелите на граѓаните дека е потребна радикализација, дека се потребни избори, дека е потребно практично на начин на кој што СДСМ години наназад функционираше како опозиција и ВМРО-ДПМНЕ да функционира.

Сето тоа мене ми е јасно и го разбирам гневот на граѓаните ја разбирам потребата од политички промени во Македонија, но и тогаш и сега ќе го повторам мојот став, дека сега ние се наоѓаме пред исклучително важен период за државата, тоа е што морам да признаам сум се помалку оптимист, а тоа е добивање на датум за отпочнување на преговори во октомври месец, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека овој активизам кој што е на изјави, на прес конференции, колумни  на апели, не само од ВМРО-ДПМНЕ туку и интелектуалци, граѓани во државата треба да биде само дополнителен мотив Заев и неговите коалициони партнери да се повлечат да размислат и да се повлечат и да го слушнат гласот на народот и да се формира техничка влада 100 дена и да се оди на предвремени парламентарни избори.

Ситуацијата нема да остане уште долго вака, ќе се испушти уште една шанса за Република Македонија, испуштената шанса носи дополнително разочарување кај граѓаните во Република Македонија и дополнителното разочарување има пак други поинакви последици.  Затоа час поскоро додека се уште разговараме со изјави, соопштенија, со колумни, со интервјуа да размислат што прават и каде ја водат државата. Со сета човечка, политичка професорска, педагошка одговорност ви велам во погрешна насока ја водите државата, државата оди во бездна, не зборам само за Зоран Заев, зборам за сите кои што се дел од неговата коалиција, изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...