Муцунски:Политичка одговорност за скандалот со руските пранкери, некој мора да сноси

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во своето гостување во вестите на телевизија Канал 5 истакна дека политичка одговорност за скандалот со руските пранкери, некој мора да сноси.

Тој посочува дека се работи за сериозен дипломатски скандал кој што покажува на сериозни пропусти на функционирање на еден сериозен вид на дипломатски протокол. Муцунски забележува дека истрага за тоа како дошло до овој случај мора да има.

-Искрено да ви кажам гледам голема контрадикторност во изјавите на претставнците на Владата. Високи државни претставници пред некој ден изјавија дека се работи за хибридна војна, уште што не именува одредена држава од Европскиот континент. Од другата страна го слушнавме Заев како вели вчера дека се работи веројатно за изолиран случај. Нашиот став како политичка партија е дека се работи за сериозен дипломатски скандал кој што покажува на сериозни пропусти на функционирање на еден сериозен вид на дипломатски протокол кој треба да се почитува при реализацијата на еден ваков тип разговори. Но исто така не смееме да ја занемариме и содржината на овие разговори која морам да кажам беше застрашувачка, тоа што го слушнавме. Покажува за степенот на сериозност кон одредени надворешно- политички приоритети на нашата земја кои што се од државен карактер, но опфаќаат и многу поголем број теми од тоа. И навистина време е конечно во оваа земја да не зборуваме само за омилените зборови на оваа Влада, одговорност и транспарентност туку единствено што гледаме во последните три години, дали е овој скандал, дали е корупциски, гледаме извинување, различен тип на извинување, но никаква одговорност. Што ќе ни е транспарентноста ако немаме политичка одговорност кога ќе се сторат грешки во функционирањето на системот? Тоа е така и во овој случај. Треба да се изврши сериозна истрага како дошло до овој случај и да разговараме за некој тип на одговорност. Секако ставајќи примат на политичката одговорност која што некој ќе мора да ја сноси во овој случај, вели Муцунски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...