Членовите на ИK на ВМРО-ДПМНЕ,  Ѓорѓиевски и Трипуновски ги посетија на најпогодените места од невремето во ресенско

Соопштение до јавноста

денеска го посетија ресенскиот регион каде остварија средба со граѓаните.

Трипуновски и Ѓорѓиевски ги посетија населените места Трбово, Калоец, Љубојно, Долно Дупени, Крани и Стење, места кои се најпогодени од невремето кое го зафати овој регион.

Невремето причини огромна материјна штета на домовите, уништена е и електричната мрежа. Насадите со јаболко се 100 процентно уништени.

Власта е глува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, нема решение за нивните проблеми, никој не зборува за нивно обештетување. Земјоделците досега имаа огромен проблем со откупот на јаболката, а сега нивниот род е целосно уништен, она за кое макотрпно работеле преку цела година сега е целосно уништено.

И новиот министер за земјоделие од редовите на СДСМ, Трајан Димковски како и неговиот претходник Љупчо Николовски е глув за проблемите на земјоделците. Скапите коктели и облека се негова главна преокупација додека земјоделците се оставени на милост и немилост.

Граѓаните имаат горко чувство дека живеат во загубена држава, држава во која царува криминалот и корупцијата, а сите оние кои чесно работат се осудени да преживуваат како знаат и умеат. Ова мора час поскоро да заврши, аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда мора што побрзо да си заминат.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...