Наумоски ги узурпира зелените површини во Ѓорче

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Бојан Стојаноски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров

Почитувани,

Александар Наумоски не запира да ги узурпира зелените површини во општината. На удар е и единствениот парк во Ѓорче. Ова се фотографии од кои може да се види дека зграда ќе се гради во сред парк, а за таа цел ќе бидат пресечени и неколку дрва.

Наумоски даде дозвола за да се гради станбената зграда и деловни објекти и покрај противењето на жителите. Наумоски тврдеше дека не издал маркица за градба и дека од паркот нема да се одземе ниту милиметар, а ситуацијата е сосема друга, не милиметар, одземени се десетици метри.

Покрај јавната површина која до сега беше парк, планирано е да се гради и на дел од приватен имот, каде сопствен имот има и таткото на Наумоски – Бранко.  Ова е извадокот од имотен лист, кој беше објавен во медиумите, од кој се гледа, дека Бранко Наумоски е сопственик на идеален дел од 1/2 на земјиште од 31м2.

Дали зеленилото треба да бидат жртва за парите на Наумоски? Дали уништувањето на паркот и зеленилото е заради остварување материјална корист  за Наумоски и неговата фамилија? Колкав е надоместот кој ќе го земе Наумоски за неговиот имот врз кој ќе се гради?

Дека на Наумоски му е поважен бизнис интересот на поединци и личната материјална корист гледаме и по детското игралиште на само неколку метри од местото каде ќе се гради зграда, кое подолг период чека на реконструкција, додека власта е насочена на уништување на паркот.

Ѓорче не гласаше за урбана мафија. Ѓорче сака работа и посветеност.

Со промена на власта ќе има одговорност за овие криминали и сите кои ги прекршиле закони за да прибават лична корист ќе одговараат.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...