-Ни открива дека е марионета во нечии раце, толку е злоупотребен што допрва ќе излегуваат работите кои ги ставил на маса и ги понудил веќе. Потврдува дека се однесува како најдолниот пазарџија, кој сака по ниска цена да ја сруши цената на сите околу него. Тотална распродажба имаме на сите национални интереси, потенцираше Михајловски.

Тој посочи дека најверојатно ќе гледаме уште многу други циркуси по многу други прашања, лагите ќе ги замаскираат како вистина, но веќе луѓето ги препознаваат, се повеќе народот го приметува тоа и прашање на време кога ќе му удри од глава.

– Тие направија дупло дно од државата, црна дупка со дупло дно, а тоа е карактеристика за шверцерите, а тие на шверцерски начин направија влада, со уцени работат, со апсења, со кривични пријави. Не ги интересира, народот ниту подобри услови, ниту иднината на Република Македонија и нашите деца тука, нагласи Михајловски.

Во врска со зборовите на Заев дека бил во добро друштво со измамените како Макрон, Порошенко, Ердоган, Михаловски вели дека Заев е на врвот затоа што останатите веднаш откриле дека станува збор за измама, а Заев е единствен кој дозволил тоа да трае повеќе од година дена и нема сличен на него што се довел во ваква ситуација.

– Не верувам дека Макрон вака се однесувал во разговорите и давал телефонски броеви од кого ќе стигне, за 10 минути ги провалил човекот, знаејќи дека еден претседател треба поинаку да разговара, има начин на обраќање, не е тоа „вери гуд чао чао“, вели Михајловски.