За Шилегов најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Зборот за СДСМ не важи, туку секој збор на СДСМ е лага.

Шилегов откако е градоначалник, за Град Скопје ништо не стори.

Шилегов наместо да работи суштински проекти за граѓаните, тој за проекти ги смета качување на маси по кафеани, ангажирање на  ди-џеи, поместување на автобуска, трчање и мавтање по возила пред молови. Сепак тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет.

Шилегов подеднакво неспособен како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од далеку, позади себе нема ниту еден сериозен проект.

Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...