Мицевски: Собранието продолжува со носењето на системски закони по скратена постапка

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска во Собранието предупреди дека продолжува праксата на носење на системски закони по скратена постапка.

-Продолжуваме со праксата на донесување на системски закони по скратена постапка. Законот за заштита на децата и Законот за социјална заштита се закони кои што ова Собрание ги донесе на 21.05.2019 година, значи пред 30 дена. Тогаш наместо овие системски закони да бидат дадени на разлгедување на пратениците на подолг временски период и сите засегнати страни да излезат со своите забелешки, рече Мицевски.

Тој потенцираше дека со истото образложение продолжуваат да се носат законите по скратена постапка  во Собранието.

-Донесуваме измени на закон донесен пред 30 дена. Затоа би замолил точките 8 и 9 да бидат тргнати од дневен ред за да можат тие мали не сложени и не обемни законски измени да бидат разгледани ос трана на пратениците за да не дојде после 15 дена повторно да ги донесуваме овие закони, додаде тој.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...