Василевска:Заев да имаше „е“ од европските вредности, ќе побараше оставка од Рашковски

 

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Господине Заев се правите при очи слеп, a при уши глув. Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, во продолжение ќе го емитуваме аудио материјалот кој излезе во медиумите, а кој индицира на криминал тежок 7 милиони евра.

Да слушнеме:

Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш.

Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето  на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека  авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев.

Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.

Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор.

Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството.

Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев, дали ја имаме новата парола на Заев – „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“?

Одговори мора да има. Одговорност уште повеќе.

Република Македонија е заробена држава. Македонскиот народ бара правда. Македонскиот народ има потреба од правна држава и институционализирање на сите случаи за кои што постојат индиции за сторено прекршување во рамките на Уставот и законите.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...