Граѓаните не видоа ништо добро од Заев и СДСМ

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Со Зоран Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи.

Откако СДСМ е на власт во Република Македонија ништо не се гради, нема нови инвестиции и нема нови проекти.

Република Македонија две ипол години тапка во место. Дури и проектите на ВМРО-ДМНЕ кои беа скоро готови едвај ги завршија.

Ветувањата кои беа дадени пред изборите за 600 километри нов автопат, 550 километри нови магистрални патишта се една од низата на лаги на Заев.

Наместо инвестиции, Македонија секојдневно тоне во долгови. Економијата ни е најниска во Европа, а долгот вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра.

Граѓаните не видоа ништо добро од Заев и СДСМ.

СДСМ не го донесе ветениот живот за граѓаните на Република Македонија.

Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...