Со Зоран Заев на чело на Владата и со Катица Јанева на чело на СЈО, правда не може да има во Македонија

Во Македонија мора да се врати правдата, мора да се врати владеењето на правото и правната држава. На аболицираниот Заев и неговата криминална банда и требаа шест месеци да се согласи дека Катица Јанева работела лошо и дека нема капацитет да биде на чело на СЈО. Дури после шест месеци Дескоска призна дека инсистирањето на Заев, Катица Јанева да го води обвинителството било без основа и само губење на време. Тоа што Катица Јанева нема да биде на чело на СЈО не е доволно. Мора да се отворат сериозни истраги и за сите сомненија за нејзино незаконско работење, секој кој се огрешил пред законот мора да одговара.

Власта загуби драгоцено време за закон за кој се договорени речиси 60 проценти од членовите. Тоа значи дека власта загуби драгоцени 6 месеци за Република Македонија, време во кое можеа да се реализираат реформи во полза на граѓаните.

Очекуваме власта посериозно да ги сфати и останатите забелешки на ВМРО-ДПМНЕ, да престане да го губи времето и да ги прифати сугестиите кои се согласно европските закони и согласно одредбите за човекови права.

За жал досега криминалната власт само ги прифаќаа принципите како основа за законот, но не ги испочитуваа. Сега изработуваме наша верзија на закон, според тие принципи врз меѓународни документи и стандарди кои значат и ќе значат вистински квалитет. Тие стандарди не значат амнестија за никого.

Единствено СДСМ бара амнестија, криминалната власт бара амнестија за Катица Јанева со тоа бидејќи таа постапува без овластување. Во делот на бомбите Дескоска вели дека за нив може да се склучи договор, а притоа заборава на препораките на Совет на Европа кои што се задолжителни за Република Македонија. Ако добро пребара одговорот во тие препораки е во делот за незаконски стекнати докази.

Со Зоран Заев на чело на Владата и со Катица Јанева на чело на СЈО, правда не може да има во Македонија. Овие двајца се пречка за македонските граѓани да живеат во правна држава. Кога тие ќе си заминат, само тогаш ќе има правда во Македонија.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...