Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект, oвие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Кога наместо на работа, ќе се удри на трубачи и алкохол, како производ излегува соопштение како денешното од СДСМ.

Што побргу се отрезнат, тоа подобро за државата. Две години освен крадење, Заев камен не фрли, ниту пајка закова, а го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на Македонија.

Нивото е капитални инвестиции е ужас!

Време е СДСМ да престане да ги манипулира граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што  СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација.

Откако Заев дојде на власт патиштата беа неосновано запрени подолг временски период.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време  на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на Заев и неговите министри.

СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгираше само рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип.

Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...