Ѓорчев се сретна со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и претседателот на ЕПП Жозеф Дол

Соопштение до јавноста

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средби со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и претседателот на ЕПП Жозеф Дол.

Ѓорчев изрази благодарност до премиерот Бетел затоа што е пријател и поддржувач на Македонија. Премиерот Бетел се осврна на својот политички ангажнан во младинските организации и контактите со либералните сестрински партии во Македонија.

Како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ Ѓорчев побара поддршка од премиерот Бетел за пристапувањето на Македонија кон ЕУ и отпочнување на преговори со ЕУ. Ѓорчев истакна дека Луксембург е долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, така што секоја поддршка за Македонија е позитивна и добродојдена.

Претседателот на ЕПП Жозеф Дол имаше обраќање пред пратениците на ЕПП во ПС на ОБСЕ, каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Дол информираше за изборот на новата Европска комисија и другите актуелности во ЕУ.

Пратеникот Ѓорчев во својата дискусија и обраќање до претседателот Дол побара да продолжи политиката на отворени врати на ЕУ, со порака дека Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ оваа година, иако државата има бројни проблеми поради политиките на актуелната влада.

Воедно, Ѓорчев имаше осврт за актуелните состојби во Македонија, информирајќи ги пратениците на ЕПП за бројните проблеми и растечко незадоволство кај граѓаните на Македонија.

Претседателот Дол нагласи внимателно ги следи состојбите во Маледонија и на Балканот, како и дека ЕПП ќе продолжи да го поддржува проширувањето на ЕУ и дека тој како претседател на ЕПП силно се залага за тој процес, со силен фокус и анализа на состојбите во земјите кандидати.

Воедно, Дол и Ѓорчев заеднички го поздравија изборот на Урсула фон дер Лејен од редовите на ЦДУ и ЕПП за претседател на ЕПП.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...