Петровска да одговори дали е точно дека врз неа е вршен притисок за пренамена на ДУП во битолската касарна од страна на Коки, Кики и Фрики?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Олга Лозановска советник во Советот на Општина Битола

Почитувани,

Денес градоначалничката Наташа Петровска по којзнае кој пат одбегна да присуствува на седница на Совет и одлучи да не се соочи со граѓаните на Општина Битола и советниците кои бараат одговори.

Конкретно граѓаните на Општина Битола ги интересира и основано се загрижени за хаосот со легализацијата на објектите кој трае од самото доаѓање на локалната власт на СДСМ.

Посебно се бараат одговори после аферата со Коки, Кики и Фрики, првиот наводно газда на национален медиум, другите влијателни партиски функционери на СДСМ, од кои едниот од Битола.

Бараме одговори од градоначалничката, дали е точно дека врз неа е вршен притисок за пренамена на ДУП во битолската касарна од страна на оваа тројка, со цел добивање на дозвола за изградба на старски дом.

Дека станува збор за градоначалничката на Битола добивме потврда и од Зоран Заев на собраниската говорница.

Бараме одговори дали позади хаосот во урбанизмот во Битола се кријат локални шерифи и моќници од СДСМ, а граѓаните на Битола се оние кои трпат штетат врз нивниот грб.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...