Стоилковски: Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев а нема ништо од ветениот безбеден железнички транспорт

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Го видовте Зоран Заев и неговите ветувања. Вели во првите две години комплетно ќе го обновел и развиел железничкиот сообраќај, па ветува пруги, линии, возови, транспорт до секое село, исто како со 600-те км автопати, така поминува и ова ветување. Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев а  железничкиот сообраќај во државата за жал е во тотален колапс.

Железничкиот превоз е небезбеден. Наместо ветените посигурен и побрз железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи. Се почести се незгодите на патните премини, се почести се исклизнувањата на локомотивите и на вагоните од пругите. Вчера се случи една од досега најголемите железнички несреќи во нашата држава, во која за голема среќа немаше жртви, но се предизвика огромна материјална штета. Се поставува прашањето, што ако на местото на товарниот воз беше патнички воз полн со патници? Колкава ли ќе беше трагедијата? Но дали некој ќе ја преземеше одгворноста? Кој ќе ја преземе одговорноста за цунамито во железничкиот сектор во Република Македонија?

Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во  тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор за економијата. Нема никакви нови проекти, нема никакви инвестиции и вложувања во железничкиот сектор. Нема инвестиции за одржување и ремонт на пругите, ниту на возовите. Имаме министер за транспорт и врски за кој што гледаме дека предизвикот на овој сектор му е преголем залак.

Секојдневно се намалува расположливоста на локомотивите и патничките возови, а со тоа се доведува во прашање и безбедноста на железничкиот сообраќај. За само 2 години преполовен е бројот на исправни возови и локомотиви. Во овој момент целиот патнички железнички сообраќај го вршат новите возови кој што беа набавени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Застоите на товарниот железнички сообраќај се сериозен проблем за тековното работење на компаниите-корисници на железнички услуги, што негативно се одразува на економијата во целина. А негативно се одразува и на работењето на двете железнички претпријатија МЖ Транспорт АД и ЈП МЖ Инфраструктура кои што нижат милионски загуби, а тука е ФШВ Колска Велес на чии вработени им се должат дури 5 плати.

Очигледно оваа Влада на Зоран Заев со Министерот Горан Сугарески ниту имаат капацитет ниту волја да се справат со предизвиците на железничкиот систем. Негрижата создава непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот транспорт. Ова уништување што поскоро мора да запре и ќе запре само со промена на власта.

Наместо да парадираат помеѓу вагони и локомотиви, Зоран Заев Анѓушев и Сугаревски мора што побрзо да си заминат за добро на железничкиот сообраќај, за добро на економијата за добро на Македонија.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...