Наместо да растат платите за сите граѓани, со СДСМ и Заев единствено што растат се трошоците за живот, долгот, корупцијата, криминалот и даноците

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Со СДСМ и Зоран Заев на власт Република Македонија и граѓаните осиромашуваат.

Наместо да растат платите за сите граѓани, со СДСМ и Заев единствено што растат се трошоците за живот, долгот, корупцијата, криминалот и даноците.

Статистиките покажуваат дека дури 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, реализација на капиталните инвестиции за само 5 месеци изнесува 13,74 проценти, над 70 проценти од граѓаните земаат плата помала од просечната, а над 70 до 80 проценти од младите размислуваат да се иселат од државата.

Граѓаните на своја кожа ја почувствува негрижата  и неспособноста на СДСМ.

СДСМ не донесе живот за граѓаните на Република Македонија. И затоа на Македонија и на граѓаните им се потребни промени и тие ќе се случат многу брзо.

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре