ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази СДСМ и Заев тоа е евидентно веќе, без разлика дали се редовни или предвремени избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажувајќи дека е подобро да има предвремени избори.

Мицкоски укажа дека се гледа крајот на Заев.

-Се надевам дека граѓаните на следните избори ќе му дадат отказ на Зоран Заев. Она што загрижува во целата рашомонијада премиер и министер е што никој не му кажал дека е спротивно, ме разочарала таа личност професор е на Правен факултет. Требаше да му кажат „што правиш“. Замислете кога имате таква личност која не ви кажува, замислете го амбиентот на Илиниденска број 2, рече Мицкоски.